Американски конгресмени се сретнаа со дисиденти во Хавана

Од:

Делегација од американски парламентарци се сретна вчера во Хавана со кубански дисиденти.

– Парламентарците сакаа да го слушнат нашето мислење, и го изразија своето, изјави Елисардо Санчез, претседател на Кубанската комисија за човекови права – забранета организација но толерирана од властите.

Според Санчез, 15 дисиденти учествувале на средбата, која траела два часа во резиденцијата на шефот на Одделението за американски интереси во Хавана.

Тој појасни дека средбата ги покажала разликите меѓу дисидентите во однос на промената на политиката на САД кон островот, објавена на 17 декември.

– Меѓу нас има две мислења – едни гледаат со добро око на обновата на дипломатските односи, а други не ги гледаат нештата на тој начин, рече Санчез.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес