Американски капетан помогнал да се спречи терористички напад врз училиште во Данска

Од:

Капетанот на копнените сили на САД, Брадли Грим им помогнал на данските безбедносни сили да спречат терористички напад во едно училиште во Данска, изјави портпаролот на американските воени единици, кои учествуваат во антитерористичката операција во Ирак и Сирија, Стив Ворен.

Според него, Грим им открил важна информација на данските власти, која помогнала за апсење на наводните терористи.

– Информациите добиени од него помогнале за осуетување на заговорот, а исто така и за апсење на осомничените и одземање на експлозивни материјали, истакна Ворен во Вашингтон, додавајќи дека „неговото дело веројатно ги спасило животите на многу дански граѓани“.

Американскиот капетан бил награден од данските власти со медал за посебни заслуги.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес