Американски генерал: Ал Каеда се уште е во војна со САД

Од:

Ал Каеда се уште е во Авганистан и има за цел да изврши напади на САД, изјави генералот Марк Мили, командант на американските Здружени сили.

– Талибанците не ги прекинаа врските со терористичката група и се уште и самите се водат како терористичка организација, додаде Мили, пренесува Би-Би-Си.

САД верува дека Ал Каеда сега ќе се сврти кон антитерористичките мисии. – Аспирациите на обновените терористички организации Ал Каеда или Исламска држава да ја нападнат Америка се многу реални, рече Мили за време на сослушувањето во Сенатот. Тој додаде дека заканата може да се случи во следните 12 до 36 месеци.

Претходно, портпаролот на талибанците Забиула Муџахид изјави дека во Авганистан нема членови на Ал Каеда. Тој истакна дека талибанците се обврзале кон САД дека „нема да дозволат никој да ја користи територијата на Авганистан за закани или напади“.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД