Пентагон разработи планови за останување во Авганистан по завршување на годината, а тоа ќе се случи доколку се оспорат претседателските изботи и ако наскоро не биде потпишан безбедносен договор, изјави денеска американскиот генерал Мартин Демпси.
Командантот на Заедничкиот генералштаб Демпси пред следтувањето во Кабул наведе дека војската нма САД може да се повлече од Авганистан за 120 дена, ако не биде постигнат договор за продолжување на нивната мисија.
Демпси допатува во Авганистан за да присуствува на смена на американската команда. Досегашниот главен командант генмерал Џозеф Данфорд ќе биде заменет од генерал Џон Кембел.