Американската војска соопшти дека убила тројца мажи, кои во Исламска Држава имале главна улога во развојот, конструкцијата и модификацијата на беспилотни летала-дронови.
– Тие се убиени во серијата американски воздушни напади во Сирија, во средината на овој месец, соопшти денеска портпаролот на американската воена коалиција Рајан Дилон.
Портпаролот додаде дека двајца од убиените биле задолжени за производство и модификација на комерцијални дронови. Третиот убиен бил надлежен за нивниот развој, а настрадал во својата работилница во близина на сирискиот град Мајадин.
Дроновите ги користеле за набљудување и како лесно оружје.