Американскaтa влада нема контрола врз електронското следење, сметаат мнозинството Американци

Од:

Мнозинството американски граѓани ги сметаат за недоволни преземените владини мерки за контрола на програмите за електронско следење во земјата, пренесе ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на резултатите од анкетата на компанијата „SoyGov“, нарачана од „”Хафингтон пост“.

Според истражувањето, 58 проценти од Американците сметаат дека контролните органи, а меѓу нив и федералните судови, не ја спроведуваат неопходната контрола врз собирањето телефонски и интернет податоци.

Спроитвно мислат едвај 18 проценти од анкетираните граѓани.

Освен тоа, 58 проценти од анкетираните даваат ниска оценка на напорите на претседателот Барак Обама за заштитата на уставните права на граѓаните.

Позитивно за неговите активности во овој правец се изјасниле едвај 37 проценти, забележува ИТАР-ТАСС.

 

Би можело да ве интересира

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Противниците на Кина на важни позиции

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно