Американската разузнавачка служба смета дека Ким не е подготвен за денуклеаризација

Од:

Американската разузнавачка заедница не верува дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е подготвен за денуклеаризација, изјави директорот на Агенцијата за воено разузнавање на САД, генерал-полковник Роберт Ешли.

Средбата во февруари меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп беше оценета како неуспешна, откако и двете страни не успеаја да најдат компромис меѓу американското барање за откажување на Северна Кореја од нејзината нуклеарна програма и севернокорејското услов за ублажување на санкциите.

-Во разузнавачката заедница се уште сметаме дека Ким Џонг-ун не е подготвен за денуклеаризација, вели Ешли.

Трамп ќе ја посети Јужна Кореја овој викенд, откако размената на писма со Ким ја зголеми надежта за обновување на преговорите, насочени кон ставање крај на севернокорејската нуклеарна програма.

Американскиот претседател ќе пристигне в сабота во дводневна посета на Јужна Кореја по учеството на самитот на Г-20 во Јапонија. В недела Трамп ќе се состане со претседателот Мун Џае-ин, соопшти вчера канцеларијата на Мун.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот