Американската полиција во состојба на готовност поради евентуални напади пред втората годишнина од упадот во Капитол

Од:

Американската полиција денеска соопшти дека е во состојба на готовност поради евентуални напади на Капитол. Соопштението е објавено во пресрет на втората годишнина од насилниот упад во американскиот Конгрес и по распуштањето на комисијата што го истражуваше.

– Сегашната клима за закана, особено против избраните функционери, ќе бара континуирана и зголемена будност. При состојба на поларизација во нашата земја, може повторно да биде направен обид за напад сличен на оној со кој се соочи нашата служба на 6 јануари 2021 година. Ако се случи незамисливото, ние ќе бидеме подготвени, рече началникот на полицијата на Капитол, Том Менгер.

Пет лица беа убиени, а повеќе од 140 полицајци беа повредени на 6 јануари 2021 година, кога приврзаниците на тогашниот претседател Доналд Трамп насилно упаднаа во Капитол додека пратениците и потпретседателот Мајк Пенс ја потврдија неговата изборна загуба од демократот Џо Бајден.

Досега речиси 900 лица се обвинети за учество во немирите. Околу 470 од нив ја признаа вината, според податоците објавени минатиот месец од полицијата, која води сопствена истрага за нападот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп ќе отпушти агенти на ФБИ кои ја водена истрагата во Капитол во 2021 година

Полицијата пред Капитол уапси маж кој носел Молотов коктел и нож

Трамп ја помилува за нападот во Капитол, таа го одби: Погрешивме

Трамп ќе ги помилува осудениците кои упаднаа во Капитол во јануари 2021 година

Водачот на нападот на Капитол Хил во 2021 година беше осуден на повеќе од седум години затвор

Бигс е осуден на 17 години затвор поради раководење на нападот на американскиот Капитол

Горан Наумовски