Американската армија бара спреј против самоубиство

Од:

Според статистичките поатоци на секои 80 минути по еден американски војник посега по својот живот, а психолозите веќе зборуваат за епидемија на самоубиства.

Американската армија одобри 3 милиони долари за истражување и спречување на оваа масовна уништувачка појава, односно за пронаоѓање на лек, во вид на спреј кој ќе помогне во задржувањето на животите на војниците.

Професорот по невробиологија, Мајкл Кубрик работи на создавањето на овој спреј, во обид да ги спречи војниците да се самоубиваат.

„Спрејот на надежта“ треба да дејствува директно врз мозокот, со што би се намалиле „условите“ кои водат до суицидни идеи, депресија и биполарно однесување.

Понатамошно истражување ќе покаже дали спрејот ќе може да спаси многу животи на луѓето, но научниците, сепак се скептици дека ова може да биде единствено решение.

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета, неодамна испрати доверлив меморандум, наменет за внатрешните воени и цивилни функционери од САД, каде што наведува дека самоубиствата се еден од најголемите проблеми со кои се соочува Министерството за одбрана и бара од нив да сторат се што е во нивна моќ, тој проблем да биде решен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја