Нападите врз американскиот персонал во Амбасадата во Хавана го погодија средиштето на шпионска мрежа на САД на Куба, при што разузнавачки се меѓу првите и најтешко погодените, јавуваат американски медиуми.
Неименувани извори велат дека кога американски шпиони кои работат со дипломатски статус пријавиле дека слушаат чудни звуци и чувствуваат несоодветни физички ефекти, САД сфатиле дека нешто не е во ред. Нападите почнаа неколку дена по изборната победа на американскиот претседател Доналд Трамп во ноември лани, но се уште не е јасно кога точно.
Нејасно е и дали разузнавачите биле први кои биле нападнати или само први кои тоа го пријавиле. Стејт департментот и ЦИА одбија да коментираат дали разузнавачките на Куба се загрозени. Пред три дена САД наредија повлекување на окоу 60 отсто од персоналот од Амбасадата во Хавана поради „специфични напади“ врз дипломати и ги предупредија американските граѓани да не патуваат на Куба.