Привремениот претседател на Египет, Мансур денеска го прими американскиот заменик државен секретар Вилијам Барнс, кој е во дводневна посета на земјата.
На состанокот во претседателската палата во Каиро присуствуваа и амбасадорката на САД во Египет, Ана Патерсон, како и политичкиот советник на Мансур, Мустафа Хицази. По средбата немаше изјава за медиумите.
Предвидено е Барнс да се сретне со потпретседателот одговорен за надворешни работи Мухамед Барадеј, министерот за одбрана Абдулфетах ал Сиси, како и со други египетски високи претставници.
Барнс вчера се сртетна со новиот египетски премиер Хазим Баблави.