Американката Стефани Рос де Симон поднесе тужба со која бара од Саудиска Арабија да и исплати отштета за смртта на нејзиниот сопруг, кој загинал за време на нападите во САД на 11 септември 2001 година.
Како што јави ТАСС, Рос де Симон ја поднесе тужбата врз основа на Законот, што го одобри Конгресот на САД, со кој на семејствата на жртвите од нападите од 11 септември им се овозможува да бараат отштета од Саудсила Арабија.
Сопругот на Рос де Симон бил офицер на американската Воена морнарица и загинал при ударот на авионот во зградата на Пентагон.
Во тужбата доставена до Градскиот суд во Вашингтон, таа ги обвинува саудиските власти дека и пружале поддршка на терористичката мрежа Ал Каеда, кој презеде одговорност за нападите, што и ги прави одговорни за смртта на нејзиниот сопруг.
Покрај Рос де Симон, како подносител на тужбата се јавува и нејзината малолетна ќерка, со која таа била бремена во времето кога загинал нејзиниот сопруг.
Поднесувањето тужби со барање за отштета против Саудсика Арабија стана можно откако во средата Конресот на САД го отфрли ветото на американскиот претседѕел Барак Обама на овој Закон.
Саудиска Арабија остро се потиви на ова законско решение и се закани дека ќе ги продаде сите свои активи во САД, во вредност од неколку стотици милиони долари, доколку Конгресот го одбри законот.
Според податоци на американското Министертсво за финансии, вкупниот долг на САД кон Саудиска Арабија изнесува 117 милијарди долари.