Американката од државата Јута, Кури Ричинс, мајка на три деца, е обвинета за убиство на својот сопруг.
Таа напиша книга за тагувањето по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг Ерик во март 2022 година.
Една вечер во март се јавила во полиција за да каже дека нејзиниот сопруг е „ладен како мраз“.
Таа ја известила полицијата дека на својот сопруг му направила коктел со вотка „Moscow Mule“, неколку часа пред да го најде безживотно тело, јави Би-би-си.
Лекарот подоцна утврди дека Ричинс починал од предозирање со фентанил, бидејќи имал доза пет пати поголема од тоа што телото може да го поднесе.
Според судските документи, меѓу декември 2021 година и февруари 2022 година, Кури Ричинс испратила пораки до лице кое претходно било уапсено за дрога, барајќи од него рецепт за лекови „за болки во грбот“.
И дале апчиња хидрокодин (познати и како Викодин), се додава во судскиот документ, по што побарала нешто појако, па прашала за фентанил.
“Ерик веруваше дека го трујат. На пријател му кажа дека мисли дека жената се обидува да го отруе”, пишува во судските документи.
На 4 март, Ричинс повикала полиција среде ноќ и рекла дека го нашла својот сопруг во несвест.
Обвинението против неа дојде два месеци откако таа ја напиша сликовницата за деца „Дали си со мене“ да им помогне на децата да се справат со смртта на некој близок.
Таа за радио станицата „KPCW“ изјави дека книгата треба да донесе „мир“ на неа и на нејзините три сина.
„Напишавме книга и искрено се надеваме дека таа ќе донесе утеха не само за нашето семејство, туку и за другите семејства кои минуваат низ истото“, рече таа минатиот месец.
Книгата, како што рече, ја посветила на својот неверојатен сопруг и прекрасен татко.
Покрај обвинението за убиство, Ричинс е обвинета и за поседување на нарколептик GHB, попознат како дрога за силување, која понекогаш се користи за рекреација.
Рочиштето за притвор е закажано за 19 мај.