Американeц заработи 165 години затвор поради сексуална злоупотреба на деца на Хаити

Од:

Суд во Мајами го осуди 68-годишниот Американец Метју Ендрју Картер на 165 години затвор под обвинение за сексуална злоупотреба на деца во центар за сиромашни на Хаити, јави Анадолија.

Картер беше обвинет по шест точки, меѓу кои и за „поттикнување на секс туризам“, како и за сексуално злоупотребување на малолетници.

Судијата Џон Ленард на предлог на Обвинителството, го осуди Картер за една точка од обвинението на 15 години, а за останатите пет по 30 години.

Метју Ендрју Картер во текот на судењето изјави дека се сомнева во веродостојноста на сведоците, кои дадоа изјави и го тврдеше дека непостојат валидни физички докази за обвинувањата.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски