САД санкционираа четворица руски државјани обвинети за вмешаност во труењето на главниот критичар на Путин, Алексеј Навални во 2020 година.
Министерството за финансии на САД соопшти дека сите четворица санкционирани се поврзани со руската безбедносна служба ФСБ. Двајца од нив се меѓу главните пријавени сторители на труењето.
На Навални му се слоши на лет во август 2020 година, а потоа беше примен во болница во Берлин во критична состојба. Тој беше отруен со нервниот агенс Новичок.