Американците повеќе го поддржуваат Бајден околу вакцините, отколку неговите планови за имиграцијата

Од:

Американците го поддржуваат претседателот Џо Бајден повеќе за тоа како тој се справува за пандемијата, отколку како се справува со имиграцијата, се дознава од најновата анкета на нацоналата радио мрежа Ен-Пи-Ар и Марист.

Во врска со коронавирусот, 65 отсто од Американците изјавиле дека ја одобруваат работата на Бајден, наспроти 28 отсто кои не ја одобруваат. Од оние кои ја одобруваат, речиси една третина се републиканци.

Од друга страна, за имиграцијата, 34 отсто од Американците ја одобруваат работата на Бајден, споредено со 53 проценти кои што не ја одобруваат. Во тие кои на ја одобруваат вклучено е мнозинство од независните и речиси четврина од демократите.

Наодите од анкетата се во време кога над половина од населението во САД е веќе вакцинирано додека илјадници имигранти од Јужна Америка, вклучувајќи и деца без придружба на роднини, пристигаат на американско-мексиканската граница.

Мала разлика постои меѓу ова испитување на јавноста и она на Еј-Би-Си њуз и Ипсос објавено викендов. Во таа анкета, 75 отсто од Американците изјавиле дека одобруваат како Бајден се справува со вакцинацијата, додека 41 процент изјавиле дека ја одобруваат неговата работа околу ситуацијата на границата.

Во анкетата на Ен-Пи-Ар и Марист, 53 отсто од Американците ја одобруваат вкупната работа на Бајден, споредено со 40 отсто кои на ја одобруваат.

Разликата меѓу демократите и републиканците е јасно изразена, 91 процент од демократите ја одобруваат работата на Бајден, додека 84 проценти од републиканците на ја одобруваат.

Би можело да ве интересира

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство