Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговата администрација има намера да го прифати предлогот на Националната фудбалска лига за масовна вакцинација против коронавирусот на стадионите на американските фудбалски клубови.
Откако заврши сезоната во НФЛ, лигата понуди да се користат стадионите за масовна вакцинација, а Бајден за Си-Би-Ес Њуз изјави дека ќе му каже на својот тим дека стадионите се достапни и дека верува дека тие ќе бидат искористени за таа цел, пренесуваат британските медиуми.
Седум стадиони во НФЛ веќе се користеа за вакцинирање, а комесарот за НФЛ, Роџер Гудел, на почетокот на оваа недела испрати писмо до Бајден во кое ги нуди и преостанатите 23 стадиони.
Бајден, исто така, изрази надеж и очекување дека натпреварите во НФЛ следната година ќе се играат на стадионите исполнети со навивачи.