Анируд Чатурведи пристигна од Мумаби во Питсбург каде што студира информатика. Минатото лето го помина на обука во една технолошка фирма во Силициумската долина. Во текот на двете години поминати во САД, тој беше изненаден од бројните аспекти во општеството, а своите впечатоци ги објави во текст на интернет.
Најизнанадувачките работи во Америка:
-Никој не зборува за оценките
-Сите се исклучително таинствени за своите успеси, но и неуспеси. Успехот на некој во одредено поле е само негов успех.
-Ова можеби е погрешна или пристрасна забелешка, но додека бев на обука, барем во технолошкиот свет, никој не сака да ве турне под автомобил доколку не сте направиле нешто како што треба. Луѓето внимателно ќе работат со вас, се додека не сфатите. Доколку не успете да завршите нешто на време, колегата ќе го направи тоа.
-Силна етика-сите имаат голем интегритет. Доколку некој не може на време да ја предаде својата задача, тој ќе ја даде иако не е завршена. Луѓето се горди на својот напор во работата и генерално не лажат.
-Богатите лица се слаби, додека сиромашните се дебели. Тоа доаѓа од фактот што ефтината храна содржии маснотии, додека богатите не јадат ефтина храна. Тие се хранат здраво и јадат храна подготвена во домот, или во некој здрав, скап ресторан. За жал, многу е скапо да се биде здрав во Америка.
-Општеството не ги почитува дебелите лица. Кога сте дебел луѓето ви праќаат пораки дека сте неодговорни за вашето тело. Доколку сте слаб, тогаш знаат да ве почитуваат и подобро да се однесуваат кон вас. А ќе добиете и поквалитетна услуга. Во текот на својот престој изгубив неколку килограми и можев да забележам дека односот на луѓето кон мене се промени, за разлика од претходно.
-Девојките не се промискуитетни, за разлика од она што го зборува Холивуд.
-Речиси секоја личност во Америка има пристап до основните работи, како што се вода, храна и облека. Не бев во Лузијана и Детроит, но колку што забележав луѓето не питачеа за основни работи.
-Скапо е да се има куќа од тули иако во другите држави тоа е нормално.
-Американците фрлаат многу храна, бидејќи е значително поефтино доколку се купуваат работи на големо.
-Поддршка за ЛГБТ заедницата-нормално е да се биде дел од заедницата. Тоа не се смета за смртен грав. Доказ се парадите на гордоста кои што се одржуваат во секој град.
-Она што е изнанадувачките се цените во продавниците кои што немаат никаква економска смисла.
Вака изгледаат цените во една продавница:
*една лименка Кока-Кола – 1 долар
*12 лименки Кока-Кола – 3 долари
-Исто така можно е да се врати купеното, вклучувајќи и храна, во рок од 90 дена и ќе добиете целосно враќање на пари, дури и кога немате специфична причина за враќање.
-Количината на брзата храна која што може да се купи во продавниците е незамислива. Во една продавница може да изберете помеѓу 100 различни видови пица. Бев изненаден од количината на производи која што е достапна дури и во мала бензинска станица.
-Порциите во Америка се големи
-Американското знаме може да се види секаде
-Речиси сите класи се практично исти. Причината е во тоа што многу лесно може да се добие кредит. Секој може да купи што било. Поради тоа единствен статусен симбол во Америка за мнозинството претставува нивното работно место, а не имотот.
Елена Георгиевска