Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Украина и Русија

Од:

САД веќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија, откако Владимир Путин одби да се согласи на прекин на огнот, објави американскиот Стејт департмент.

Стејт департментот соопшти дека ќе ја промени „методологијата на својот придонес“ во преговорите и повеќе нема да „лета низ светот на прв повик“ за состаноци.

Одлуката доаѓа веднаш откако САД и Украина потпишаа договор за минерали под, за Украина, поповолни услови отколку што се мислеше, а американскиот претседател Доналд Трамп го одобри првиот круг на испораки на оружје за Киев откако неговата администрација повторно ја презеде власта.

Американското Министерство за надворешни работи нареди Киев и Москва сега да дадат „конкретни“ предлози за ставање крај на ратата и да одржат директни состаноци за да постигнат договор.

Доналд Трамп, според извори од Вашингтон, е сè пофрустриран од однесувањето на Путин, а американските разузнавачки извештаи објавени во текот на ноќта сугерираат дека рускиот претседател сега е ослабен и дека ги променил непосредните воени цели, фокусирајќи се на консолидација на претходно окупираната територија.

Би можело да ве интересира

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води