Амбасадорката на САД во ОН: Русија насилно пресели стотици илјади Украинци

Од:

Русија насилно пресели стотици илјади Украинци, понекогаш во далечни области, откако изврши инвазија врз својот сосед, изјави денеска американската амбасадорка во Обединетите Нации (ОН), Линда Томас – Гринфилд, јави ДПА.

Новинари и организации за човекови права документираа преселувања откако започна војната, граѓани беа принудени да ја преминат границата во Русија, а други во области на Украина под руска окупација.

– Ние имаме докази дека Русите преселија стотици илјади украински државјани, вклучувајќи деца, изјави Томас – Гринфилд за американскиот радиодифузер Ен-пи-ар.

Како што таа појасни, „тие се испрашувани, приведени, насилно депортирани“.

– Некои се испратени до најоддалечените делови од источна Русија, близу севернокорејската граница, тие се пратени затоа што ова е обид на Русите да се поттисне отпорот, истакна таа.

Томас – Гринфилд побара да им се дозволи на ОН и на организации за човекови права пристап до кампови каде се држат преселени Украинци.

Москва ги карактеризира Украинците кои доаѓаат во Русија како бегалци кои се згрижени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ