Амал Аламудин е најфасцинантна личност во 2014 година

Од:

За многу девојки останува енигма како успеа да го заведе и убеди на брак најпосакуваниот ерген во светот, Џорџ Клуни, но Амал Аламудин која од неодамна е госпоѓа Клуни е прогласена за најфасцинантна личност на годината.

Убавата британска адвокатка, благодарение на венчавката со холивудскиот актер Џорџ Клуни во септември, се најде на прво место на овогодинешната листа на најфасцинантни личности на годината во избор на познатата америкаснка водителка Барбара Волтерс.

– Може слободно да кажеме дека нејзината беше венчавка на годината. Таа со тоа се придружи на мала група, како што се Џеки Оназис, принцезата Дајана и Кејт Мидлтон, изјави Волтерс.

На листата се наоѓаат и актерката Скарлет Јохансон, пејачката Тејлор Свифт, актерот Нил Патрик Харис, водителките Опра Винфри и Челси Хендл, фудбалерот Мајкл Стрехан, авторот Џорџ Р.Р. Мартин, бизнисменот и филантроп Дејвид Коч и генералниот директор на „Тесла“ Илон Маск.

Би можело да ве интересира

Папата во критична состојба

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк