Алжирскиот авион се урнал во Мали

Од:

Патнички авион со 110 патници и шест членови на екипажот се урна денеска за време на лет од престолнината на Буркина Фасо, Уагадугу кон алжирскиот главен град Алжир.

Командантот на мисијата на ОН за стабилизација на Мали, генерал Коко Есиен, соопшти дека авионот се урнал во централниот дел на Мали, со што ги демантираше претходните информации дека трагедијата се случила во Нигер, јави ДПА.

– Авионот се урнал во регионот меѓу Гао и Тесалит, изјави Есиен.

Претставник на малиските воздухопловни власти меѓутоа посочи дека во моментов „не може да се зборува за несреќа, туку само за исчезнување на авионот од радарите“.

Министерот за транспорт на Буркина Фасо, Жан Бертен Ведраго, изјави дека авионот во 01:38 часот по Гринич побарал промена на курсот поради бура во регионот. Врската со авионот била загубена во 01:55 часот по Гринич, околу 50 минути по неговото полетување.

ДПА претходно јави дека патничкиот авион се урнал во Нигер. Се претпоставува дека падот на авионот не го преживеал ниту еден од 116-те патници или членови на екипажот.

Леталото било сопственост на шпанската компанија „Свифтер“, но било земено под наем од страна на алжирската компанија „Ер Алжир“.

„Свифтер“ информира дека шестмината членови на екипажот на авионот биле државјани на Шпанија.

ИТАР-ТАСС јави дека околу 80 од патниците во авионот биле Французи.

algiers-map-650_072414051707

Поврзано:

Исчезна уште еден Боинг со 110 патници

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици