„Независна Каталонија? Само преку мене мртов. Шпанија не е Југославија, ниту Белгија. Дури и ако лавот спие, немојте да го предизвикувате оти ќе ја покаже суровоста докажана во текот на вековите“, изјав полковникот на шпанската војска Франциско Аламан нарекувајќи ги 1,5 милионите демонстранти птици грабливкии и барајќи од власта да ги задуши протестите.
Барањето за буџетска независност на богатата Каталонија од Шпанија министерот за финансии Хозе Мануел Гарсија-Маргаљо го нарече незаконско и смртоносноо и најави дека Шпанија ќе стави вето при обид Каталонија да стане членка на ЕУ.
Последнава економска криза го разгори незадоволството на Каталонците кои минатата недела излегоа на улиците на Барселона, а регионалната влада која ја предводи Артур Мас ги поддржа демонстрантите нарекувајќи ги протестите народно движењее и доставувајќи му на Мадрид барање за буџетска независност на Каталонија и во прибирањето и во трошењето на средствата, што шпанскиот премиер Маријано Рахој недвосмислено одби. Шпанските националисти се поддржани и од кралот Хуан Карлос и од војската.