Алис Манро добитник на Нобеловата награда за книжевност

Од:

Канадската писателка Алис Манро (82) ја доби Нобеловата награда за книжевност. Една од најпознатите авторки на куси раскази, го надмина и јапонскиот писател Харуки Мураками, за кои многумина веруваа дека ќе триумфира оваа година.

Најновата книга на Алис Манро „Dear Life“ до сега освои бројни признанија, а во неа се раскажува за настаните во малиот град во близина на езерото Хурон.

Ова е прва Нобелова награда, која е доделена на писател од Канада и прва доделена на писател на куси раскази.

Манро е 13-та жена, која досега ја добила Нобеловата награда за книжевност. Наградата изнесува осум милиони шведски круни, односно околу 925 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска