Врховнот шиитски духовник во Ирак ајатолахот Али ал-Систани повика за избирање нов премиер на државата без „странско мешање“.
Премиерот Адел Абдел Махди поднесе оставка минатата недела во ек на протести во државата што траат веќе два месеца.
Преку свој претставник во Кербала, Ал-Систани нагласи дека шиитското религиозно раководство „нема никаква улога“ во дискусиите при изборот на нов премиер на Ирак.