Алфано: НАТО треба да се адаптира на новите предизвици

Од:

НАТО и трансатлантските односи треба да останат на своите основни столбови, но Алијансата мора да се адаптира на совремните услови, кои се карактеризираат со нови предизвици, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Анџело Алфано во интервју за агенцијата ТАСС.

– НАТО мора да се адаптира на новите услови, бидејќи дојде до големи промени во споредба со времето на неговото формирање. Сега се појавија нови предизвици, кои доаѓаат од југ. Од тој аспект треба нашето внимание да го насочиме кон изнаоѓањето нови решенија и механизмот на Алијансата да го адаптираме во согласност со современите задачи, изјави Алфано, кој се наоѓа во посета на Русија.

Според него, зајакнувањето на колективната одбрана во рамките на ЕУ ќе претставува гаранција за безбедноста на европските граѓани и ќе биде одговор за нивните стравувања.

– Сметам дека европската одбрана е особено важна, со цел кај европските граѓани да се врати довербата во заедничкиот проект. Наша основна задача е да продолжиме со изнаоѓањето ефикасни одговори на прашањата што предизвикуваат најголема загриженост меѓу европските граѓани, како што се економкиот раст, безбедноста и миграцијата, додава Алфано во интервјуто.

Тој натаму нагласува дека Италија верува во дијалогот со Русија, бидејќи, како што вели, без учество на Москва не може да се реши ниту една меѓународна криза.

Во текот на престојот во Москва, Алфано денеска имаше средба со неговиот руски колега Сергеј Лавров, на која една од главните теми беше украинската криза.

На заедничката прес-конференција по средбата, Лавров изјави дека Русија е заинтересирана Европа да демонстрира поголема посветеност кон исполнувањето на Договорот од Минск, за прекин на конфликтот во Украина.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски

Русите го затворија Каспиското Море за НАТО

Руте: Војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина

Адмиралот на НАТО призна зошто не ја испраќа војската во Украина

Горан Наумовски

Русите имаат нова цел: Одиме на „Езерото на НАТО“