Ален Берсе денеска беше избран за нов претседател на Швајцарија во 2018 година од страна на швајцарскиот Парламент. Тој е актуелен министер за внатрешни работи и потпретседател на државата.
Функцијата претседател во Швајцарија е со ротација во период од една година и ја извршува еден од седумте членови на Сојузниот совет, кој е колективен шеф на државата.
Берсе доби поддршка од 190 од 210 пратеници во Парламентот, а функцијата ќе ја извршува првпат откако пред пет години беше избран во Сојузниот совет.
Неговиот мандат започнува на 1 јануари и на таа позиција го заменува Дорис Лојтхард. Тој ќе ја извршува позицијата претседател паралелно со функцијата министер за внатрешни работи.