Адвокатите на Алексеј Навални велат дека изгубиле контакт со него и не знаат каде се наоѓа во моментов, пренесува Си-Ен-Ен. Рускиот опозициски лидер и жесток критичар на Владимир Путин беше затворен во казнена колонија источно од Москва.
Неговата портпаролка Кира Јармиш изјави дека денеска преку видеоврска требало да се јави во судот, но тоа не го направил. Таа рече дека затворските власти како причина ги навеле „електрични проблеми“.
Навални беше осуден на 19 години затвор во август, откако беше прогласен за виновен за создавање екстремистичка заедница, финансирање екстремистички активности и многу други злосторства. Тој веќе одлежа 11 и пол години во затвор со максимална безбедност за измама и други обвиненија, кои тој ги негира.
Адвокатите велат дека направиле неколку обиди да добијат пристап до две казнени колонии во близина на Москва за кои се верува дека го сместуваат Навални, рече портпаролката Кира Јармиш. Биле известени дека 47-годишниот не е во казнените колонии ИК-6 и ИК-7, додаде Јармиш.
„Ниту ИК-6, ниту ИК-7 не одговорија на нашите прашања во петокот и денеска“, објави Јармиш, додавајќи дека шест дена никој не знае каде е Навални. Навални последен пат беше затворен во казнената колонија ИК-6, источно од Москва.
Неговата соработничка Љубов Собол за Ројтерс минатата недела изјави дека неговите поддржувачи стравуваат дека тој ќе биде преместен во нова затворска колонија и дека „тајмингот“ е поврзан со почетокот на претседателската изборна кампања во која Владимир Путин ќе бара уште еден шестгодишен мандат.
„Толку се плашат од Навални, човек кој е во затвор, човек чие право на кореспонденција е ограничено, не смее да се гледа со членовите на семејството и слично, што решија да го отстранат што подалеку во моментот кога Путин ќе оди на уште еден мандат за кој, не дај Боже, не би дал изјава“, рече таа.
Јармиш рече дека е загрижена за лошата здравствена состојба на Навални. „Фактот што не можеме да го најдеме Алексеј е особено алармантен затоа што минатата недела му се слоши во ќелијата.