Александар Лукашенко го тапка патот кон срцето на Европската унија

Од:

Комерсант – Москва

Ескалацијата на конфликтот во Донбас фактички ги анулираше заслугите на Минск како посредник за мирно решавање на кризата во Украина. Кратката серија дипломатски победи на белорускиот претседател, кој се протна за време на минските преговори меѓу лидерите на водечките европски држави, заврши. Во оваа ситуација, Лукашенко отстапи пред старите барања на Брисел – да ги амнестира политичките затвореници во земјата. Тоа доста ги подигна шансите Европа да ги признае резулатите од претседателските избори кои треба да се одржат на 11 октомври.

Минатата недела, во Белорусија заврши собирањето на потписи за поддршка на кандидатите на претседателската позиција. Резултатите не донесоа изненадувања – несомнениот шеф на државата, Александар Лукашенко, кој планира да се бори за свој петти мандат, беше поддржан од 1,7 милиони идни избирачи. Границата од неопходните 100,000 потписи успеаја да ја надминат, иако со мала маргина, четворица од осуммина негови противници кои ќе го продолжат учеството во предизборниот натпревар. Тоа се лидерите на Либерално-демократската партија, Сергеј Гајдукевич, Татјана Короткевич од коалицијата Зборувај ја вистината, економистот Виктор Терешенко и претседателот на Белоруската патриотска партија, Николај Улахович.

– Пет години по претходните претседателски избори, политиката кај нас е деградирана дотаму што сега просто не е во мода да излезеш на избори, рече за Комерсант белорускиот опозиционер и поранешен политички затвореник, Сергеј Казаков. „Сакал несакал, ќе признаам дека не гледам друг реален кандидат, освен Лукашенко. Така стојат работите кај нас, што тој нема алтернатива“.

Во 2011 година, Казаков беше осуден на три години во казнена колонија, но излезе предвреме на слобода – по седум месеци. Го осудија за правење јавни безредија на крајот на 2010 година, кога Казаков и негови истомисленици организираа протест по повод реизборот на Александар Лукашенко за четврти мандат.

Не сите истомисленици на Казаков имаа таква среќа – водачот на опозиционерското движење и поранешен канидиат за претседател на Белорусија, Алекснадар Статкевич, беше осуден на шест и пол години затвор и лежеше дури до неодсамна, истовремено со уште петтмина политички затвореници. Но повеќето опозиционери беа ослободени во 2012 година, а западот на Минск му постави ултиматум и ги замрзна односите со белоруските власти се додека во земјата има макар и еден политички затвореник. Но минатата сабота, Лукашенко реши да се смилува и да го исполни старото барање на ЕУ и на САД – како што изјавија од претседателската прес служба, „воден од принципите на хуманизмот“.

Шефот на европската дипломатија, Федерика Могерини и еврокомесарот за соседска политика Јоханес Хан, дадоа висока оценка за одлуката на Минск и изразија надеж дека властите во Белорусија ќе ги укинат „сите ограничувања за ослободените во корелација со граѓанските и политичките права“. А генералнот секретар на Советот на Европа, Турбјорн Јагланд, го искористи случајот и го повика белоруската раководство да стави мораториум на смртната казна.

Според политикологот Кирил Коктиш, доцент на Московскиот државен институт за меѓународни односи, „Европа има интерес да комуницира со Белорусија“, но шасните ЕУ да ги признае изборните резултати одат 50 спрема 50. Тој посочи дека „де факто Европа и без тоа ги признаваше сите претходни избори – врските со Минск никој не ги кочел, се поддржуваа дипломатските односи“. Што се однесува до Александар Лукашенко, тој „има интерес изборите да бидат признати и односите со западот да се нормализираат за да си издејствува заем од ММФ и да го тргне Минск од обврзаност само со руски финансиски извори“, уверуваше за Комерсант Дмитриј Болкунец, експерт од високата школа за економија.

Самиот Лукашенко деновиве изјави дека „Белорусија нема проблем со изборот – дали да соработува со Русија или со западот“.

– Секој западен политичар кој дошол тука во Белорусија, воопшто нема да рече дека сме плашеле некого со Русија“, подвлече белорускиот лидер. Според него, Минск „отворено и чесно“ изјавува дека сака да ги нормализира своите односи со ЕУ и со САД, а Русија „не треба да се сомнева во чесноста, принципиелноста и надежноста на Белорусија“.

Знаци за затоплување на односите помеѓу Минск и Брисел се појавија во мигот кога белорускиот лидер покажа иницијатива во контекст на средувањето на ситуацијата во Украина. Минатиот септември, Минск беше домаќин на честиристраната „контактна група“ која прави напори за нормализација на ситуацијата во Донбас, а подоцна беше домаќин на „нордманската четворка“ (претседателите на Русија и на Франција, и канцеларот на Германија).

Тоа му даде на Лукашенко, кој долго време беше сметан за непријател на западот, реална шанса да го корегира својот имиџ. При успех на договореното од Минск, тој се надеваше дека ќе биде богато награден. Но последните заострувања во Украина може да ги уништи сите негови посреднички напори досега – и фактички тоа да биде несупех за белорускиот лидер. Според експерти на Комерсант, со амнестијата на политичките затвореници, Александар Лукашенко можеби се мачи да го спаси својот нов имиџ.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад