Ал Каеда зазеде голем аеродром во Јемен

Од:

Воени претставници и локални жители соопштија дека борци на Ал Каеда презеле контрола врз голем аеродром во јужниот дел на Јемен, по краткиот судир со јеменските војници.

Официјални претставници изјавија дека борци на Ал Каеда денеска се судриле со припадници на пешадиската бригада задолжена за заштита на аеродромот Ријан во пристаништниот град Мукала.

Претходно овој месец Ал Каеда го презеде градот и ги ослободи сите затвореници, меѓу кои е и милитантен командант.

Активистот Нашер Баказоуз изјави дека војниците кои го обезбедувале аеродромот покажале слаб отпор.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен