Ал Каеда повика на џихад против САД и Израел

Од:

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри  со аудио порака, ги повика муслиманите да почнат света војна против САД и Израел поради филмот „Невиноста на муслиманите“ во кој се навредува исламскиот пророк Мухамед.

Овој филм предизвика серија демонстрации, палења, а во  протестите загинаа повеќе десетици луѓе.

Завахри ги нарече „чесни и работливи“ демонстрантите кои влегоа во американскиот конзулат во Каиро и извршија напад врз американскиот конзулат во Бенгази, како дел од протестите против филмот.

Во нападот врз американскиот конзулат во Бенгази на 11 септември беше убиен американскиот амбасадор и тројца службеници.

 

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад