Минатата недела при обиколка на контра – разурнувачката служба на Британија во Мадрид и Ла Линеа, беа откриени неколкумина терористи од Ал Каеда кои поседувале големо количество на експлозив, осомничени за подготовка на напади во Велика Британија.
Тие вчера се најдоа на обвинетелните клупи, пред шпански судија, при што се разоткрила целата нивна планирана акција.
Целата им била со мал авион полн со експлозив да ги нападнат присутните кои ја следат Олимпијадата пред големиот видео бим каде што понекогаш седи кралицата Елизабета.
Терористите не планирале да убиваат цивилно население, туку британските војниците кои седат околу кралицата и ја чуваат, а чиј број изнесува најмалку 500.
„Важноста на апсењето на двајцата Чеченци и едниот Турчин е огромна. За жал откривме дека на слобода се уште неколкумина од групата, затоа што нападот освен авион, вклучувал и пешадија“, изјави неименуван извор за британските медиуми.
Полицијата во моментот трага по останатите џихадисти.