Ал Каеда ги советува борците во Сирија, поделбите меѓу бунтовниците се поголеми

Од:

Лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири им порача на исламистичките екстремисти во Сирија да не се здржуваат со бунтовничките борци кои имаат поддршка од арапските држави во Персискиот залив и Западот.

Во аудио порака Завахири вели дека САД ќе се обидат да ги убедат борците од опозицијата во Сирија да се поврзат со „секуларни групи кои се во сојуз со Западот“.

Тој повик укажува на се поголема поделба меѓу групите од опозициската Слободна сириска армија која има поддршка од Западот и арапски држави, и герилски групи кои поддржуваат ставови на Ал Каеда.

Слободната сириска армија од неодамна почна да се дистанцира од исламистички групи за да намали стравување на САД дека оружјето што го доставува за антирежимскиот бунт во Сирија ќе падне во раце на Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад