Четиригодишната Худеа од Сирија, чија што фотографија со кренати раце го заобиколи и шокира светот, е заробена од терористи на Ал Каеда.
Тие ја киднапирале во градот Идлиб, откако нејзината мајка со уште три деца се обидела во тоа место да ги сокрие од екстремисти на различни фракции, меѓу кои и од припадници на ИСИС.
Девојчето пред неколку дена стана симбол на страдањата во Сирија, бидејќи нејзината фотографија беше објавена на интернет.
Имено фотографот Осман Сагирли, кон крајот на минатата година во Атмех паркот за бегалци, кој се наоѓа на околу 10 километри од турската граница ја видел Худеа и кога сакал да ја фотографира, девојчето помислило дека фотоапаратот е пушка и веднаш ги кренало рацете во знак на предавство.
-Кога забележав што прави, се замрзнав и ми се насолзија очите – рекол Сагирли.
Според наводите на британски „Дејли меил“ судбината на Худеа не е позната, бидејќи сега е во раце на членови на Нусра фронт, огранок на Ал Каеда.
-Граѓаните на Идлиб ќе се соочат со шериетското право и на тој начин ќе ги сочуваат својата држава и крв – изјавил лидерот на Нусра фронт, Абу Мухамед ел Голани, во тек на упад во градот.
Инаку припадниците на Нусра фронт кои ја киднапирале малата Худеа, спроведуваат екстремни верзии на шериетско право и се познати по бруталност. Нивните методи на казнување опфаќаат монструозни убиства на жените и каменување на мажите до смрт за најмал престап.
Е.Г.