Ал Џезира: Телото на Кашоги изгорено во печката на резиденцијата на Саудиска Арабија

Од:

Телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги најверојатно е изгорено во големата печка во резиденцијата на генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул, според истрагата на телевизијата Ал Џезира.

Телевизијата денеска емитуваше документарен филм во кој се објавени нови детали за убиството, извршено од саудиска екипа.

– Турските власти го следеа горењето на печката однадвор, бидејќи се смета дека торбите, за кои се претпоставува дека содржеле делови од телото на Кашоги, биле префрлени во домот на саудискиот конзул, откако бил убиен во Конзулатот, оддалечен неколку стотина метри, објави телевизијата.

Турските власти соопштија дека голема количина месо за скара е печено во печката по убиството, со цел да се прикријат трагите од кремирањето на телото на Кашоги. Исто така, тие додаваат дека горењето на телото било извршено во рок од три дена.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија