Припадници на ирачката Армија отвориле оган врз позиции на сириските бунтовници на територијата на Сирија, објави телевизијата „Ал Арабија“.
Според телевизијата, нападот на ирачките војници им овозможил на сириските владини сили да ја преземат контолата врз еден граничен премин, што до тогаш го држеле бунтовниците.
Ваквата информација, која следи по засилувањето на ирачкото воено присуство на границата со Сирија, засега не е официјално ниту потврдена, ниту демантирана.
Ирачкото Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека две лице се повредени од како на територија на Ирак паднала граната истрелана од Сирија.