Активистки од феминистичката организација „Фемен“ денеска организираа „разголен“ протест во шпанскиот Парламент против планираните промени на законот за абортус од страна на конзервативна Влада.
Три жени се соблекоа голи до половина во фоајето на Долниот дом на Кортесот и скандирааа „абортусот е свет“, додека министерот за правда Алберто Руис-Галердон говореше во пленарната сала на седницата на Парламентот.
Една од жените се качи на оградата и се фати за еден од столбовите, викајќи кон политичарите.
Трите жени, кои на своите голи тела исто така имаа испишано пораки, за само три минути беа изведени од зградата од обезбедувањето на Парламентот.
Министерот Руис-Галердон се спротивстави на правото на абортус до 14-тата недела од бременоста и побара враќање на старите одредни дека абортус може да се извршува само при определени услови, кога се загрозени здравјето на мајката или на плодот.