Руската активистка Људмила Алексеева, авганистанската организација „Жени за авганистанските жени“ и организацијата „Балканска младинска иницијатива“ се номинирани за престижната награда „Вацлав Хавел“ за 2015 година, објави прес-службата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Лауреатот на наградата ќе биде одреден на 28 септември, денот кога се отвора есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Наградата со името на покојниот чешки претседател Вацлав Хавел се доделува еднаш годишно и има парична награда од 60.000 евра. Таа се доделува на личности и организации, кои се борат за заштита на човековите права низ светот. Наградата се доделува од 1977 година.
Људмила Алексеева (88) е истакната руска активистка за човекови права и еден од основачите на Хелсиншкиот комитет во Москва. Таа принудно имигрира во САД во 1977 година и се враќа во Русија во 1989 година.
Организацијата за заштита на човековите права „Жени за авганистански жени“ е една од главите организации во Авганистан. Таа поддржува центри за заштита на жени и девојчиња во 11 авганистански провинции и помага на жените и девојчињата, кои се жртви на насилство.
Невладината организација „Младинска иницијатива за човекови права“ прави напори за воспоставување на врски меѓу младите на Балканот и за заштита на жртвите на кршењето на човековите права.