Активист во Каиро претепан и врзан за дрво по протест

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Еден опозициски активист е пронајден претепан и заврзан за дрво во пустината кај Каиро, четири дена откако исчезнал по антивладините протести.

Ибрахим Ханафи, кој е спасен и хоспитализиран, работел во Ослободувачкиот фронт за мирни промени.

Тој собирал докази за насилството на исламистичките политичари, изјавил генералниот координатор на фронтот, Есам ел Шариф.

-Нашите колеги и полицијата го пронајдоа врзан за дрво, гол со закачено писмо со предупредувања, дека секој кој ќе зборува негативно за Муслиманското братство, ќе го снајде истото – изјавил Шариф.

Партијата на Муслиманските браќа дава поддршка на претседателот Мухамед Морсиј, против кој веќе со месеци протестираат опозициските активисти.

Портпаролот на Муслиманските браќа ги отфрли шпекулациите дека партијата е поврзана со инцидентот или била вклучена во кој било друг непристоен случај.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет