Аксиос: Трамп размислува пак да се кандидира за претседател во 2024 година

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на дел од своите советници дека размислува повторно да се кандидира за претседател во 2024 година, изјавија за порталот Аксиос два извора запознати со разговорите.

Тоа, доколку се покаже како точно, е досега најјасниот показател дека Трамп сфатил оти ги загубил изборите одржани минатата недела, на кои тој повеќепати тврдеше дека победата му е украдена. Засега нема коментар од официјални лица од кампањата на Трамп и Белата куќа околу наводите за неговите намери.

Според експертите, дури и четири години по напуштањето на функцијата, Трамп би можел да остане фаворит на прелиминарните избори во Републиканската партија, на кои се бира кандидатот на партијата за претседател на САД. Само тој факт може да ги замрзне амбициите, собирањето средства и екипирање на инивидуални кандидати – и на Републиканскиот национален комитет, бидејќи тој се обидува да се прегрупира и да го надмине Трамп.

На денот кога стапи на функцијата во 2017 година, Трамп поднесе документи до Федералната изборна комисија за да се квалификува како кандидат за 2020 година.

Според американските закони, претседател може да служи два мандати, кои не мора да бидат последователни.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он