Повеќето луѓе кои примиле две дози вакцина против коронавирусот од различни производители, имале лесни до умерени несакани ефекти, покажува најновото истражување на Универзитетот Оксфорд.
Истражувани се над 800 лица и се покажа дека тие имале мали несакани ефекти по мешањето дози на вакцини од „АстраЗенека“ и „Фајзер“/„Бионтек“.
Како што е соопштено, несаканите ефекти биле слични на оние што може да се очекуваат кај некои луѓе кои примиле две дози од истата вакцина.
Тие биле краткотрајни и немало други последици по здравјето. Најчесто пријавени нуспојави биле блага треска, замор, главоболки и болки во мускулите.