Португалската полиција уапси десетици членови на бандата „Ангели на пеколот“, кои според властите се „исклучително насилни“.
Во полициската акција вклучени се 400 полицајци, кои извршија претрес во околу 80 објекти.
Полициската акција е преземена за ликвидирање на криминалната група. „Ангели на пеколот“, релативно нова банда во Португалија. Против криминалната група се преземени операции во Германија и во Холандија.