Ајатолахот Моџтаба Хамнеи издаде 10 директиви до иранската војска

Од:

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, издаде список на директиви во кои се наведени задачите и целите на иранските вооружени сили во тековната војна со САД и Израел, објавија денес иранските медиуми.

Првото од списокот на барања на ајатолахот Моџтаба е да се одржи континуирано затворање на Ормутскиот теснец, а второто е да се продолжат нападите врз американските воени бази во регионот на Персискиот Залив, објави иранската новинска агенција ВАНА.

Третото барање е иранските сили да ја одржат подготвеноста за отворање нов фронт доколку се смета за стратешки неопходно. Потоа доаѓа барањето да се продолжи со уништувањето на американските и израелските непријателски средства и воени капацитети, а потоа „секој маченик“ да биде евидентиран во посебна иранска датотека за воена одмазда.

Шестото барање е разузнавачките структури на Иран да ги елиминираат безбедносните закани од внатрешни и надворешни непријатели, а седмото е некои од соседните земји да бидат поштедени од иранските воени напади.

Според WANA, доказите од бојното поле укажуваат дека ајатолахот Моџтаба издал неколку дополнителни воени наредби, или под негов директен надзор, со негово одобрение или експлицитни наредби. Тие вклучуваат барања на ајатолахот да се одговори повеќекратно на секој напад врз енергетската инфраструктура на Иран, да се зголеми интензитетот на ракетните напади против израелскиот режим и конечно, да се додадат нови цели на списокот на цели за напад секогаш кога е потребно.

Би можело да ве интересира

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Земјите од Персискиот Залив наводно бараат од Израел и САД да продолжат со нападите врз Иран

Горан Наумовски

САД објаснија како Русија ги надмудрила во Иран

Горан Наумовски

Апсење на предавници во Иран – 25 луѓе завршија зад решетки

А1он

Претседателот на Иран: На заканите ќе одговориме на бојното поле!

А1он