Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Од:

85-годишниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна, поради што се шпекулира за негова абдиција.

Според опозициските медиуми, во Техеран на крајот на септември, ајатолахот Али Хамнеи тајно го избрал својот наследник, а се шпекулира дека тој веќе абдицирал.

Хамнеи се одлучил на оваа одлука за да спречи политичка криза која би можела да ја снајде земјата доколку политичката моќ доживее непланирана транзиција, а функционерите, според медиумите, избрале наследник.

Наводно, 60 членови на иранското Експертско собрание се состанале тајно на 26 септември за да се согласат со барањето на Хамнеи. Наредено им е веднаш и со целосна доверливост да донесат одлука за наследување.

Сите упатени извори наведуваат дека неговиот син Мојтаба Хамнеи ќе ја преземе главната улога додека неговиот татко е се уште жив.

Во текот на изминатите две години, Мојтаба Хамнеи, наводно, добил значително влијание во иранскиот режим. Иако ретко се гледа во јавноста, тој е познат по неговата улога во задушувањето на постизборните протести во 2009 година. Во 2021 година, тој ја доби титулата Ајатолах, исполнувајќи го уставниот услов да служи како врховен водач.

Али Хамнеи беше претседател на Иран кога ја презеде функцијата врховен лидер во 1989 година, со што стана шеф на држава со најдолг стаж на Блискиот Исток.

Од друга страна, неговиот син Мојтаба презема сè позначајна улога во носењето државни одлуки, што беше особено значајно при изборот на поранешниот претседател Ебрахим Раиси.

Би можело да ве интересира

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина