Меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“ објави дека сите страни во конфликтот во Јемен се виновни за смртта на стотици невини луѓе.
Во најновиот извештај за конфликтот организацијата ги обвинува и предводената од Саудиска Арабија коалиција, што врши напади во Јемен и силите, шти ги поддржуваат или војуваат против бунтовниците хуси.
Организацијата со седиште во Лондон, наведува дека во јужните градови Таиз и Аден меѓу жртвите има и десетици деца.
Во конфликтот во Јемен еден против друг војуваат шиитски бунтовници хуси и војници, лојални на поранешниот претседател Али Абдула Салех, локални и племенски милиции, исламски сунитски екстремисти и војници, лојални на актуелниот претседател Абед Мансур Хади, кој е во егзил во Саудиска Арабија.
– Цивилното население на Јужен Јемен се наоѓа во стапица на вкрстен смртоносен оган меѓу лојални на хусите и групи кои се против нив, како и постојано се изложени на опасност од воздушни напади од предводената од Саудиска Арабија коалиција. Сите страни вклучени во конфликтот демонстрираат целосно занемарување на безбедноста на цивилите, се наведува во извештајот на организацијата.
Според АИ смртта и уништувањата во Таиз и Аден, извршени од сите учесници во конфликтот, може да се оценат како воени злосторства.