АИ го критикува рускиот Закон за „странски агенти“

Од:

Финансирањето на повеќе од сто руски невладини организации било ограничено и десетици биле принудени да прекинат со работа по стапувањето во сила на Законот за „странски агенти“, се посочува во извештајот на „Амнести интернешнл“ (АИ).

– Законот усвоен во 2012 година ги прекршил слободата на печатот и индивидуалните права во Русија, се посочува во извештајот.

Според Законот на листата на „странски агенти“ се нашле 148 организации од кои 27 прекинале со работа. Голем број од нив нуделе услуги, кои не ги обезбедува руската држава, на пример правно застапување или психолошка поддршка за жртвите на дискриминација или насилство.

Законот предвидува сите невладини организации, кои се финансирани од странство или учествуваат во нејасно дефинирана „политичка дејност“ да бидат регистрирани како „странски агенти“. Од Студаната војна термионот значи и „извршувачи на шпионска дејност“.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија