Ахмед ал-Ахмед, кој беше прогласен за херој по терористичкиот напад за време на прославите на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј за совладување на еден од напаѓачите, денес изјави дека истрчал кон еден од напаѓачите и му го грабнал оружјето за да ги заштити невините луѓе. Тој рече дека неговата единствена цел била да го разоружа напаѓачот и да го спречи да убива луѓе.
Farkkkkk this civilian bloke who tackled the gunman !!!! What a human!!!
Make him the Prime Minister!!#Bondi pic.twitter.com/XS0BoK0Agp
— goodfella (@g00df3llaa) December 14, 2025
„Мојата цел беше само да му го земам оружјето и да го спречам да одзема човечки животи, да убива невини луѓе“, рече Ахмед, додавајќи дека му е жал за сите што загинале, објави „Тајмс оф Израел“.
Потсетувајќи се на моментот кога скокна на грбот на напаѓачот, Ахмед рече дека го држел со едната рака и му викал да го фрли оружјето и да го запре нападот.
„Не сакам да гледам луѓе како умираат пред мене, не сакам да гледам крв, да слушам истрели, вресоци и извици за помош“, рече Ахмед.
Ахмед рече дека тој и неговото семејство емигрирале во Австралија од Сирија во 2007 година.
Неговиот чичко Мохамед рече дека чинот на Ахмед е извор на гордост за семејството и за Сирија.
Австралиските медиуми објавија дека владата ги забрзала процедурите и одобрила повеќе визи за членовите на семејството на Ахмед.
„Ахмед ја покажа храброста и вредностите што ги сакаме во Австралија“, рече австралискиот министер за внатрешни работи Тони Бурк.
Ахмед, локален продавач, се појави во јавноста откако беше снимен како се крие меѓу паркирани автомобили за време на пукањето, а потоа физички го совлада еден од напаѓачите и му го одзеде оружјето.
Беше ранет повеќе пати во рамо за време на конфронтацијата, а подоцона беше подложен на серија операции.
Во нападот на 14 декември извршен од татко и син, Саџид и Навид Акрам, врз еврејската заедница за време на собирот за Ханука, беа убиени 16 лица, вклучувајќи го и еден од напаѓачите, додека десетици други беа повредени.
