Ахмадинеџад: Иран и Ирак имаат исклучителна безбедносна улога

Од:

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска во Багдад изјави дека неговата држава и Ирак имаат „исклучителна“ улога во безбедноста на регионот.

– Ние носиме заедничка порака, а тоа е порака за напредок, стабилност и безбедност, како и порака за мир, истакна Ахмадинеџад на заедничката прес-конференција со шефот на ирачката држава Худаир ал Хузаи. Ахмадинеџад е во дводневна посеа на Ирак и предвидено е да се сретне со премиерот Нури ал Малики.

Ирак и Иран беа во војна од 1980 до 1988 година, но двете држави почнаа да соработуваат по соборувањето на Садам Хусеин во 2003 година.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он