Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи денеска го именуваше досегашниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад за член на главниот политички надзорен Совет, кој беше негов жесток критичар, пренесува МИА
Објавувајќи го именувањето, Хамнеи ги пофали напорите на Ахмадинеџад како шеф на државата.
– Имајќи го предвид огромното искуство кое го стекнавте за време на осумте години вложен напор, Ве именувам за член на Советот за експедитивност, се наведува во соопштението на Хамнеи.
Со Советот раководи поранешниот претседател Акбар Хашеми Рафсанџани, кој постојано го критикуваше Ахмадинеџад за време на неговото осумгодишно претседателствување поради неговите контроверзни политички и економски насоки.