Ахмадинеџад го обвини Западот за „нуклеарната паника “

Од:

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во говорот пред Генералното Собрание на ОН, ги обвини западните земји дека вршат „нуклеарна паника “ од Иран.

Иранскиот претседател се воздржа од остри коментари за Израел во своето последно појавување во ОН, со оглед дека од следната година ќе се повлече од функцијата претседател.

„Трката во вооружување и заплашувањето со нуклеарно оружје од страна на хегемонистичките сили станаа секојдевни“, рече Ахмадинеџад.

„Континуираната закана на нецивилизираните ционисти дека ќе преземат воена акција против нашата голема нација е јасен пример на оваа горка реланост“, додаде тој.

Иран се повеќе се соочува со голем меѓународен притисок поради нуклеарната програма зад која западните сили сметаат дека се крие создавање на нуклеарна бомба. Иран упорно негира дека сака да создаде оружје, а обвинувањата ги коментира како изговор да биде нападнат од Израел и САД.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје